Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!
Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.
1 минута за читање
– Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Сопругата кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција, информира МВР.