Македонија

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Во согласност со светските пазари и курсот на доларот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, која стапува на сила од 28 јули 2026 година од 00:01 часот.

Според одлуката, цените се зголемуваат во просек за 4,55 отсто во однос на претходната пресметка од 20 јули 2026 година. Зголемувањето е во согласност со движењата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат раст: кај бензините за 6,229 отсто, кај дизелот за 7,442 отсто, кај екстра лесното масло за 8,051 отсто и кај мазутот за 8,159 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,0397 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални цени од 28 јули ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 93,00 денари за литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 95,00 денари за литар
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 денари за литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 48,099 денари за килограм

Конкретно, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се зголемуваат за по 3,00 денари по литар, цената на дизелот за 4,50 денари по литар, екстра лесното масло за 5,00 денари по литар, а мазутот за 2,726 денари по килограм.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top