Бизнис

(Фото): Пред скоро 3 месеци дизелот се продаваше по 65 денари, сега скокна на 92 денари, што е следно?!

За седумдесет дена цената на дизелот во Македонија скокна за 40 проценти. До каде ќе оди зголемувањето на цената никој не знае. Владата засега не презема мерки. Иако во повеќе европски земји дизелот вообичаено е поскап од бензинот, поради политиката која ја водат тамошните влади за дестимулирање на автомобили со вакво гориво, кај нас дизелот во најголем дел од годините беше поекономичната варијанта. На ваквиот тренд, според познавачите, најмногу влијаат актуелните состојби на пазарот, пред сѐ геополитичките состојби.

За само два ипол месеци најупотребуваното гориво за автомобили кај нас, Еуродизелот, поскапе за над 40 отсто или за дури 27,5 денари. Слично е и со бензините, иако таму, поради традиционалната повисока цена од дизелот, поскапувањето е 16,5 денари, или околу 23 отсто. До каде ќе оди зголемувањето на цените, тоа никој во моментов не може да предвиди, но генерално, ќе зависи од развојот на настаните во Ормускиот теснец, но и од мерките кои може да ги преземе Владата.

Според соопштенијата кои што ги објавува Регулаторната комиисија за енергетика, цената на литар дизел на бензинските пумпи во земјава на 23 декември лани била 64,50 денари, а непосредно пред Нова година, на 30 декември, се зголеми на 65 денари за литар, за потоа повторно да се намали на 64,50 денари за литар, колку што изнесуваше до 21 јануари. Од тогаш наваму, цената на дизелот драматично оди нагоре, прво на 66,50, па 67,50 за потоа да се стабилизира неколку недели на 68 денари, потоа се зголеми на 69 и на 71 денари за литар, по што следуваше ценовниот шок – пораст на 85,50 денари и сега на 92 денари.

Од табелата и од графиконот се гледа трендот и „трката“ меѓу горивата, како и „превратот“ на дизелот, кој сега значајно е над цената на бензините.

Иако во повеќе европски земји дизелот вообичаено е поскап од бензинот, поради политиката која ја водат тамошните влади за дестимулирање на автомобили со вакво гориво, кај нас дизелот во најголем дел од годините беше поекономичната варијанта. На ваквиот тренд, според познавачите, најмногу влијаат актуелните состојби на пазарот, пред сѐ геополитичките состојби. Како што се наведува во најновата одлука на РКЕ за зголемување на цените, од 16 овој месец, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 8,98% во однос на малопродажните цени од 9 март.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 16,9% или за 136,7 долари/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,7% или за 117,500 долари/тон, а влијание имаше и курсот на денарот во однос на доларот, кој во просек изнесува 53,2 ден/долар и е за околу 0,84% повисок од курсот на доларот (52,8 ден/долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top