Македонија

Објавен документ од кој се гледа дека СДСМ лажел за семејството на Мицкоски (ВИДЕО)

СДСМ повторно ќе треба да се извинува или пак да одговара за лаги, вели премиерот

Во интервју за Канал 5 премиерот Мицкоски објави документ од кој се гледа дека СДСМ лажел за неговото семејство.

Мицкоски го објавува документот откако од новинарот Гоце Михајловски е прашан за обвинувањето од СДСМ дека членови на неговото семејство летале со владиниот авион.

Премиерот вели неговото семејство останало во Сплит а тој со шефот на неговото обезбедување дошол во Скопје поради службени обврски.

Во емисијата Мицкоски му го доставува на водителот документот од Службата за општи и заеднички работи на водителот.

 

Најнови вести од: Македонија

To top