Македонија

Објавена книга која индиректно објаснува голем дел од неразјаснетата македонска историја

Романот содржи факти за украдената митра на Охридските Архиепископи, Исус, Тодор Живков, Орсон Велс…

Во издание на издавачката куќа „ТОПЕР“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин не’ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години.

Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски податоци, настани и артефакти од богатата македонска историја. Така во романот се споменуваат иконата на Исус Пантократорот која сега се наоѓа во капелата на Белиот дворец на Дедиње во Белград, како и митрата на охридските архиепископи која бугарските војници ја зеле од ризницата на црквата Св. Богородица во Охрид во 1916 г. и заедно со голем број други историски предмети значајни за нашата историја и традиција тајно ја однеле во Софија, каде што и денес се наоѓа изложена во Националниот историски музеј.

Авторот лесно и концизно ги води главните ликови Андон и Ана низ перипетиите што им се случуваат во Белград, Софија и Охрид, за на крајот да ги донесе до нивната крајна дестинација и откритието кое ќе го промени текот на историјата. Големиот број неочекувани пресврти и изненадувања, го држат читателот на штрек, не оставајќи го рамнодушен и дозволувајќи му и тој да стане дел од оваа мистериозна потрага, заедно со импозантната галерија на ликови, како што се Св. Наум од Охрид, Витезите темплари, југословенскиот крал Александар, Јосип Броз Тито, ќерката на поранешниот бугарски диктатор Тодор Живков, Људмила Живкова, холивудската легенда Орсон Велс и многу други историски и измислени ликови кои го збогатуваат колоритот на возбудливата нарација на Гавриловски.

Не е ни чудо што критиката и познавачите на македонската и светската литература извлекуваат паралели помеѓу „Златниот ангел“ и светскиот бестселер „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун, екранизиран во истоимениот филм во кој главната улога ја толкува Том Хенкс.

Книгата во претпродажба се наоѓа во книжарниците на ТОПЕР во Скопје (во ГТЦ и на Буњаковец), а електронски може да се купи и на веб страницата www.toper.mk.

Сите оние што сакаат да ја добијат книгата со посвета од авторот, тоа ќе можат да го сторат на 27 април од 18 часот, кога во Промо центарот на Саемот на книгата во Арената Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи промоцијата на овој роман.

ТОПЕР и Марин Гавриловски ве покануваат да бидете дел од овој значаен настан, кој несомнено ќе го одбележи годинешното издание на Саемот на книгата што се одвива под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“.

Разговор со авторот

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top