Македонија

Објавена листата на најскапи градови – еве на кое место е Скопје

Македонската престолнина Скопје е рангирана на 352. место во светот

Најновата анализа на платформата Нумбео за најскапите градови во светот покажува дека разликите во трошоците за живот на глобално ниво достигнаа историски максимум. Истражувањето, кое се базира на податоци од над 600.000 корисници, ги споредува цените на храната, рестораните, превозот и комуналиите, откривајќи дека Швајцарија е убедлив лидер на листата, додека Скопје останува меѓу најевтините дестинации во Европа.

Швајцарските градови доминираат на врвот на оваа листа, каде Цирих е прогласен за најскап град во светот. По него следуваат Женева, Базел, Лозана, Лугано и Берн. Во првите десет најскапи места за живеење влегоа и Њујорк, Рејкјавик, Хонолулу и Сан Франциско. Колку е скап животот во Цирих најдобро илустрираат бројките според кои на едно лице месечно му се потребни околу 1.570 евра само за основни трошоци, без вклучена кирија, додека за четиричлено семејство таа сума надминува 5.800 евра.

При пресметката на индексот се користат цените на основните прехранбени производи, услугите во рестораните, јавниот превоз, како и трошоците за интернет и енергија. Како референтна точка со вредност од 100 се користи градот Њујорк.

Кога станува збор за нашиот регион, градовите од поранешна Југославија се позиционирани како значително поевтини во споредба со светските метрополи. Најскап во оваа група е Сплит, кој се наоѓа на 232. место, по што следат Љубљана на 237. и Белград на 289. позиција.

Македонската престолнина Скопје е рангирана на 352. место во светот, што ја става во групата на најевтини градови за живеење во Европа. За споредба, Сараево е на 320. место, Подгорица на 324., додека во поширокото опкружување Будимпешта е на 267., а Софија на 297. место.

На дното на глобалната листа како најевтини градови се издвојуваат индиските метрополи. Според Нумбео, најевтин град за живот во светот моментално е Коимбаторе во Индија, каде трошоците се дури за 80 отсто пониски во споредба со оние во Њујорк.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top