Македонија

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Во врска со прилагодувањето на приватните универзитетит на Законот за високо образование, министерката за образование и наука Весна Јаневска обелодени сериозни неправилности во работењето на дел од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на обложувалница. Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Најбрутален пример беше кога Комисијата на МОН направи проверки во еден институт, беше регистриран во кладилница, во задниот дел, каде што своите функции требаше да ги врши на две столчиња и два душека. Ние водиме 34 високообразовни институции во земјава и апсолутно е недозволиво што под превезот на институти се одвиваат други дејности“, изјави Јаневска.

Јаневска додаде дека новите законски решенија се базирани на анализи на европските практики и имаат за цел да го подобрат квалитетот на научната дејност.

  • „Ова се мерки кои се значајни и потребни за да се подобри квалитетот на високообразовната научната дејност. Да, тешко е да се обезбедеат 10 доктори на науки, но со оглед на тоа дека имаше висока продукција на доктори на науки им препорачувам на тие луѓе да си вработат“, истакна таа.

Министерката информираше дека работната верзија на законот ќе биде финализирана во понеделник вечер со сите пристигнати и прифатени забелеѓки и потоа ќе влезе во владина и собраниска процедура.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top