Македонија

Обвинителството со првични информации за пронајденото женско тело во Тетово

По извршен увид

Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар.

Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на место каде е најдената девојката како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

-Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, соопшти Обвинителството.

Според првичните неофицијални информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, станува збор за 24 годишна девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top