Македонија

Обвинителството убедено дека има докази чии се парите скриени во ѕидот на куќа на судија

Немаат дилеми дека заѕиданите милиони се од кроминал

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесло обвинение затоа што е убедено дека има докази чии се парите скриени во ѕидот на куќа на судијата од Апелационен суд, Ѓоко Ристов.

Предходно во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра заѕидани во кујната, при што се тврдеше дека потекнуваат од продажба на ниви. Обвинителството денеска соопшти дека има цврсти докази дека парите потекнуваат од незаконски дејствија.

Ристов, беше поврзуван со случајот на поранешниот правобранител, и сегашен адвокат Фехми Стафа, кој од вчера е во затворот во Шутка откако призна дека барал мито од 100.000 евра за да влијае кај судија.

„Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот.

Соочен со доказите на обвинителството, обвинетиот целосно ги призна и прифати наводите во обвинението, по што побара да се спогоди за висината на кривичната санкција“, соопшти Обвинителството.

Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече пресуда со која го осуди Стафа на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Со прифаќање на предлог спогодбата, Стафа ги потврдил и наводите во обвинението согласно кои побараните пари биле со намена со поткуп да влијае врз конкретен судија од Апелациониот суд во Скопје за да издејствува укинување на мерка притвор.

„Иако во конкретниот случај адвокатот бил фатен “ин флагранти” со дел од поткупот и тие пари не стигнале до судијата, јавниот обвинител презеде и повеќе други дејствија и претреси при кои на 18.01.2026 година во домот на родителите на судијата во Неготино, пронајде вкупно 350.000 евра за чие потекло тој нема доказ и не ги пријавил. Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите“, пишува во соопштението.

Од обвинителството наведуваат дека ова предизвикало основано сомнение дека Ристов во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

„Од поведувањето на постапката јавниот обвинител презеде повеќе дејствија со кои обезбеди цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства, со што се потврдија елементите кои го исполнуваат битието на кривичното дело – Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а. Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените парични средства, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.

Од таму соопштија дека денеска е поднесено обвинение против Ристови дека надлежниот јавен обвинител продолжува да презема дејствија до целосно испитување на сите аспекти на сомнежите за коруптивни дејствија и потенцијална инволвираност и на други лица.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top