Македонија

Обвинителството започнува со изведување на материјалните докази за „Пулс“

Први тие од обдукциските наоди

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот. Од Обвинителството посочуваат дека по изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста.

-Почнуваме првично со обдукционите протоколи, каде ќе ги слушнете последиците, но и причините коишто придонеле, зошто не зборуваме само за пожарот и искрата на пожарот, туку и многу други поврзани дејствија на други лица кои ги докажуваме. Не е само оганот, туку и гасовите… целокупниот амбиент и во што се состои причината за смртта, беше посочено на денешниот брифингот со тимот обвинители кои го застапува обвинението.

Ова дело, како што беше нагласено, не е пожарот сам по себе, туку последицата, која е донесена од целокупната интеракција на сите клучни фактори како што е амбиентот, преполнетоста на дискотеката, вградените материјали, емисијата на гасовите и самата неможност за евакуација.

-Сметаме дека ако само еден фактор извлечеме, не можеме да ја добиеме целосната слика и кажеме, токму поради ова настана последицата и затоа ова обвинение се занимава со сите, а клучна поврзаница е преку причината за смртта – појаснуваат од Обвинителството. Во однос на прашањето за цијанидот и што имало во крвта на жртвите, од Обвинителството посочуваат дека се е анализирано и ќе биде изнесено во судница од вештите лица.

-Тоа е опфатено со првичната наредба, тоа е се испитано и ќе биде изведено во судница од вештото лице – нагласуваат од Обвинителството, посочувајќи дека ова прашање било приоритет над приоритетите и од аспект да се утврди што вдишувале преживеаните за да пратат нашите здравствени власти навремена информација до сите центри каде што беа праќани на лекување. Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.

Видеоматеријалите што се предложени како докази, на денешниот брифинг беше посочено дека, нема целосно да се прикажуваат во судница, бидејќи делови од нив не се важни за обвинението.

-Сакаме секвенционално да бидат презентирани, да не се гледаат цели, туку само она што е битно за ова обвинение – појасни обвинителството. Исклучувањето на јавноста, како што посочи обвинителството, ќе се бара во зависност од начинот на изведувањето на доказите и колку ќе се дозволи длабочина во изведувањето.

Обвинителството, информираше дека остануваат уште три-четири сведоци кои останува да бидат сослушани на утрешното рочиште, тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден што е во странство, за кои што важи можноста доколку не се достапни да се бара да се прочитаат нивните искази и да се почне со изведување материјални докази.

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи с Судскиот процес започна на 19 ноември минатата година, по што во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје, беа сослушани сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори, претставници на институции и општина Кочани, како и членовите на бендот, кои настапувале таа вечер.

Судењето го води судијката Дијана Грувеска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top