Македонија

Од Понеделник достапна „Македонска држава“ – првата дигитална библиотека за македонското историско наследство

Веродостојни и внимателно селектирани содржини, вклучувајќи архиви што ги опфаќаат најзначајните настани и личности од изминатите 150+ години

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста.

Станува збор за проектот „Македонска Држава“ каде секој ќе може бесплатно да пристапи до сеопфатната дигитална библиотека чија основна тема се македонското историско и културно наследство.

Платформата која во моментов е изработена на англиски јазик, во текот на септември ќе биде достапна и на македонски јазик, а во иднина ќе се преведе и на други странски јазици.

 

Целта на „Македонска Држава“ е јасна – да им овозможи на сите љубопитни умови, без разлика на возраста или образованието, слободен и објективен увид во богатото културно и историско наследство на Македонија. Во време кога информациите често се фрагментирани или недостапни, оваа библиотека претставува централно место за учење, истражување и инспирација.

Тука секој посетител ќе може да најде веродостојни и внимателно селектирани содржини, вклучувајќи архиви што ги опфаќаат најзначајните настани и личности од изминатите 150+ години. Со внимателно селектирани содржини, организирани во јасни категории и поддржани со лесна, интуитивна навигација, овој проект претставува модерен одговор на потребата за централизирана дигитална архива.

 

„Веруваме дека историјата треба да биде жива, разбирлива и достапна за секого – без ограничувања и без филтри“, велат од тимот кој стои зад проектот. „Со дигитализацијата на материјалите и нивната бесплатна достапност, ја отвораме вратата за нова генерација истражувачи, ученици, студенти, новинари и сите љубители на македонската култура“, велат од тимот на „Македонска Држава“.

Од следната недела, секој посетител ќе може да ја разгледа платформата, да ја истражи нејзината содржина и да стане дел од заедницата што ќе продолжи да ја пишува македонската приказна – во ново, дигитално поглавје, достапно секогаш и насекаде.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) ја претстави серијата Galaxy S26 во Македонија: Ера на интелигенција без напор и врвна приватност

Моќен хардвер, водечки во индустријата систем на камери и напредни, интуитивни искуства со вештачка интелигенција наскоро достапни и за корисниците во Македонија

(Видео): Жена е убиена поради институционални слабости – понорот се полни со човечки животи, рече Битиќи

Во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

To top