Свет

Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април

Претходно, руските власти веќе размислувале за проширување на мерката.

Од 1 април Русија ќе воведе забрана за извоз на бензин која ќе важи за сите учесници на пазарот, вклучително и за самите производители.

Мерката има за цел да го заштити домашното снабдување со гориво и да обезбеди стабилност на цените во услови на глобална енергетска криза.

Одлуката била донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководствата на нафтените компании.

Според добро информирани извори, точниот рок на траење на забраната сѐ уште не е официјално утврден, но се очекува таа да важи најмногу три месеци.

Во моментов не се разгледува можност за воведување на слична забрана и за извоз на дизел гориво.

Претходно, руските власти веќе размислувале за проширување на мерката.

Актуелната забрана за извоз на бензин и дизел, која важи до 31 јули, досега се однесуваше само на компаниите што не се производители на гориво.

Новак претходно истакна дека Русија мора итно да преземе мерки за да обезбеди доволно гориво за домашниот пазар, нагласувајќи дека стабилноста на снабдувањето е апсолутен приоритет во услови на глобални енергетски предизвици.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

To top