Бизнис

Од сега „Визер“ ќе лета за Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и за Базел

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Нови пет авионски линии на „Визер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска и утре.

Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6.05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне да се реализира од  денеска во 14.0 часот.

Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.

Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16.05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7.15 часот.

Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.

Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Визер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.

Најнови вести од: Бизнис

Нема да има енергетска криза, уверува Мицкоски

Европската Унија пак донесе одлука за забрана за транзит на руски гас преку ЕУ до трети земји. Но, по ваквиот потег министерката за енергетика Божиновска излезе со уверување дека проблем нема да има и покрај тоа што најголем дел од количините на гас во земјава се токму од Русија.

Западен Балкан гради „клон“ на европскиот систем за инстант плаќања

Во фокусот на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што на 28 и 29 октомври ќе се одржи во Охрид, во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија, ќе бидат системите на плаќања во дигиталната ера.

Колку пари годинава работниците ќе земат од К-15?!

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) велат дека за 2025 година е обезбеден регрес за годишен одмор за околу 600 илјади вработени во приватниот и во јавниот сектор согласно со двата потпишани општи колективни договори. Во приватниот сектор, регресот за годишен одмор ќе чини 300 евра, а во јавниот сектор 100 евра помалку. Во подобро ситуираните компании даваат регрес кој е речиси трипати поголем од законски пропишаниот, односно и преку 50.000 денари.

Македонија ќе биде домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија

Во текот на тридневниот форум ќе се одржат низа панел-дискусии, технички сесии и тематски разговори на кои ќе се разгледуваат најактуелните прашања поврзани со енергетската безбедност и отпорност, финансирањето на чиста енергија, дигитализацијата на системите, управувањето со критични суровини, праведната транзиција, како и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Минималец од 800 евра не стига за пристоен живот, предупредуваат Хрватите

Хрватскиот парадокс е што државата ги субвенционира работодавците со две илјади евра годишно преку исплата на додатоци во фондовите за здравствен и пензиски систем за работници кои примаат минимална плата, кои се претежно странски работници. Растот е во ред, но мора да зборуваме и за развој што ќе им овозможи на хрватските граѓани да живеат подобро.

Минималната плата во Хрватска ќе е 1.050 евра бруто

Износот на бруто минималната плата се утврдува еднаш годишно, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната календарска година. Минималната плата не може да се утврди во износ помал од износот што бил утврден за претходната година.

To top