Бизнис

Западен Балкан гради „клон“ на европскиот систем за инстант плаќања

Во фокусот на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што на 28 и 29 октомври ќе се одржи во Охрид, во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија, ќе бидат системите на плаќања во дигиталната ера.

Регионалната интеграција на платните системи влегува во нова фаза – земјите од Западен Балкан започнаа процес за воспоставување заеднички систем за инстант плаќања, по модел на Европската централна банка. Новиот систем, наречен „клон на ТИПС“, ќе овозможи парите да се префрлаат сигурно и веднаш, во кое било време – преку ден, но и за викенди и празници. Ова претставува чекор кон создавање единствен платежен простор кој ќе ги поврзе балканските земји со европскиот финансиски екосистем.

Инстант плаќањето овозможува парите да се префрлат од една сметка на друга за само неколку секунди, без разлика дали е викенд, празник или полноќ. Системот што го воведуваат земјите од Западен Балкан е направен по европски модел и ќе овозможи трансакциите меѓу земјите во регионот да се извршуваат веднаш, исто како во земјите на Европската Унија.

Темата е во фокусот на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што на 28 и 29 октомври ќе се одржи во Охрид, во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија. Настанот, со мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, ќе собере експерти од централни и деловни банки, финтек-компании и меѓународни финансиски институции.

Посебен акцент ќе биде ставен на придобивките од приклучувањето на Северна Македонија кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. Гувернерот Трајко Славески ќе дискутира со своите колеги од регионот за тоа како овие нови системи ќе ги олеснат трансакциите за граѓаните и компаниите и ќе го забрзаат патот на регионот кон европскиот пазар.

Банките ќе ги презентираат и првите резултати од почетокот на трансакциите преку СЕПА, кои стартуваа на 7 октомври. Ќе се разгледаат ефектите врз трошоците и конкуренцијата, како и подготвеноста на банкарскиот сектор за дигиталната трансформација што следи.

Конференцијата ќе се одвива на англиски јазик, а јавноста ќе може да ја следи во живо на YouTube-каналот на Народната банка. Според најавите, овие чекори претставуваат значаен исчекор кон модернизација на финансискиот систем и побрзо вклучување на регионот во европскиот пазар.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top