Бизнис

Растат цените на нафтата на глобално ниво

Се очекува ситуацијата „да ја спасат“ земјите членки на ОПЕК со зголемување на производството

 

Цените на нафтата скокнаа за околу 7 проценти минатата недела на светско ниво откако Вашингтон воведе санкции врз најголемите руски производители на нафта поради војната во Украина.

Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за 7,6 проценти минатата недела, на 65,94 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 6,9 проценти, на 61,50 долари. Цените значително се зголемија пред пет дена навечер кога американскиот претседател Доналд Трамп објави санкции врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, кои заедно произведуваат повеќе од пет проценти од светската нафта.
Текстот продолжува под рекламата

Трамп рече дека ја откажал планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи разговорите за војната во Украина нема да го дадат резултатот што го сакал. Вашингтон сака да ги намали руските приходи од нафта и гас, кои сочинуваат околу една четвртина од рускиот буџет, со воведување санкции врз Роснефт и Лукоил, и со тоа да ја принуди Русија да преговара за мир со Украина.

Москва одговори дека санкциите се контрапродуктивни за потрагата по мир во Украина.

Трговците стравуваат дека санкциите ќе им го отежнат снабдувањето на Кина и Индија, главните купувачи на руска нафта.

Доколку овие земји целосно или делумно престанат да увезуваат руска нафта, другите добавувачи ќе мора да се вмешаат и да обезбедат околу четири милиони барели нафта дневно. Како резултат на тоа, цените на нафтата нагло пораснаа кон средината на минатата недела.

Но, цените се стабилизираа на крајот од неделата бидејќи долго време се проценуваше дека производството ќе расте побрзо од побарувачката во иднина, со оглед на тоа што Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и другите големи производители го зголемуваат производството, додека најголемите светски економии не растат толку брзо како што се очекуваше неодамна.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

To top