Македонија Бизнис

Од Скопје ќе се лета кон уште еден европски град на море

Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе добие нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар – објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на својот официјален профил на Фејсбук. „На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата […]

Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе добие нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар – објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на својот официјален профил на Фејсбук.

  • На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Николоски.

Тој додаде дека субвенциите и владините политики за развој на нови воздушни линии веќе даваат резултати и најави продолжување на напорите за унапредување на авиосообраќајот во земјата.

Официјалната потврда доаѓа откако министерот за транспорт, Александар Николоски, вчера на свеченоста по повод 15-годишнината на ТАВ Македонија најави дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација од скопскиот аеродром – но без да ја открие дестинацијата. Сега е јасно: станува збор за Ларнака.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top