Македонија

Од Трубарево отишле да палат кабли во Аеродром

Ги палеле во парк на булевар „Февруарски поход“ во скопската населба

Службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром, вчера ги лишија од слобода 23-годишниот Т.М. и 26-годишниот И.М., двајцата од село Трубарево.

„Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на булевар „Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата“, извести МВР.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top