Македонија

Одбележана 25-годишнината од смртта на Роберт Петковски во Бунарџик

Општина Илинден

Општина Илинден денеска ја одбележа 25-годишнината од смртта на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерство за одбрана на Македонија загина во Вејце на 28 април 2001 година.

По тој повод, пред спомен-плочата во населеното место Бунарџик беше положено свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на неговата жртва. Почит оддадоа членови на семејството на Петковски, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, припадници на специјалната единица „Волци“, како и претставници на месната заедница и бројни жители на Бунарџик.

Во чест на прерано загинатиот бранител, кој воедно беше и член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, и оваа година се одржува традиционалниот меморијален фудбалски турнир под покровителство на Општина Илинден. Натпреварите се играат на фудбалското игралиште во Бунарџик, кое го носи неговото име, продолжувајќи ја традицијата на негување на споменот и вредностите што ги остави зад себе.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top