Македонија

Одбележување на 80-години од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје денеска пред Споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена – борец“ ќе се одржи традиционалното одбележување на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година, информираат од органзацијата.

Како што е најавено, обраќање ќе има претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски.

Подоцна, во 12 часот во големата сала на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, до МПЦ „Света Лидија“ во изградба, Гази Баба, во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје, ќе се одржи Академија посветена на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година.

Најнови вести од: Македонија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

To top