Македонија

„Одговорно со технологијата“: Над 20 илјади граѓани се јавиле на телефонскиот број на билбордите

„А1“ и МВР и официјално ја промовираа кампањата

Никогаш неодговорен телефонски повик. Ова е епилогот по тешка сообраќајна несреќа со жртви. Токму тоа е пораката на новата кампања на Министерството за внатрешни работи и мобилниот оператор А1. Откако Македонија беше преплавена со билборди, над 20.000 граѓани свртеле на испишаниот број 078/274-283.

За тешките незгоди неретка причина е и користењето на мобилните телефони.

„Беше специфично и морбидно она што го спроведовме, но тоа беше и целта. Она што за полицајците и докторите е секојдневие по сообраќајна незгода во Македонија, да биде момент кој ќе допре до секој граѓанин кој ќе се јави на овој број а нема да добие повратен одговор“рече Тошковски.

Кампањата ќе продолжи и натаму, велат од А1, од каде посочија дека на телефонскиот број не вртеле само нивни корисници.

„Преку оваа иницијатива сака да поттикне реална промена во однесувањето и поголема свесност за важноста на вниманието во сообраќајот“ рече главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев.

Наделжните велат дека „Сејф сити“ покажува конкретни резултати, и сега се е фокусирани на имплементација и во другите градови. Но во следниот период системот ќе се унапредува и ќе се зголеми бројот на прекршоците кои ќе се детектираат.

„Во делот на погрешно паркирање, тоа ќе е една од првите фази кои ќе бидат имплементирани. Тука ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи е многуброен прекршок, не сакаме, при нецелосно утврдени правила на игра, да имаме казнување на граѓаните. Затоа сме внимателни во овој дел. До тогаш ќе се санкционираат главните улици во Скопје“, изјави министерот.

Во периодот што следи најавени се засилени контроли и строги мерки против моторџиите кои дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила.

Тошковски за моторџиите, кои лудуваат на едно тркало: Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии!

„Ова не се однесува на тие кои возат со кацига, со соодветна брзина… А најавувам за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвена, го дигаат на едно тркало, и мислат дека ‘Сејф сити’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини. Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски.

МВР ја анализира законската регулатива за електрични тротинети, и се размислува за рестрикции и за управувањето од малолетници. Заострување на законите ќе има и за нив согласно европските практики.

Најнови вести од: Македонија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

To top