Македонија

Тошковски за моторџиите, кои лудуваат на едно тркало: Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила. Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.

„Тие кои се вистински моторџии, тие во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се посветени за почитување на сообраќајни правила особено во град, бидејќи ги знаат последиците кога не ги почитуваат, тие се на две тркала“, рече Тошковски. 

Според него, проблем се оние кои возат без кацига, со голема брзина и прават опасни маневри. „Ова не се однесува на тие кои возат со кацига, со соодветна брзина… А најавувам за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвена, го дигаат на едно тркало, и мислат дека ‘Сејф сити’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини“, кажа министерот.

Тој порача дека ваквите возачи ќе бидат главен таргет на полицијата во наредниот период. „Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски.

Министерот додаде дека ваквите возачи претставуваат сериозен ризик за безбедноста. „Тие ќе бидат таргет, тие што употребуваат мотори надвор од закон. Затоа што тие се најголем ризик да отепаат некого“, рече Тошковски.

На крајот, тој упати пофалби до моторџиите кои ги почитуваат правилата. „Не за вистинските моторџии, за нив секоја чест и поздрав“, додаде министерот.

Најнови вести од: Македонија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

To top