Македонија

Ќе се вработат 300 нови специјализанти, за да се надомести недостигот на специјалистички кадар во јавното здравство!

Владата на Република Македонија донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.

Според Министерството за здравство, со оваа одлука се настојува да се задржат младите лекари во земјата, да се надмине недостигот од специјалистички кадар и да се зајакнат капацитетите на клиниките, болниците и здравствените домови. Се очекува да се обезбеди порамномерна распределба на медицинскиот персонал и да се скрати времето на чекање за пациентите.

Министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека ова претставува вложување во иднината на здравствениот систем и во професионалниот развој на младите лекари, нагласувајќи дека целта е тие својата кариера да ја градат во Македонија.

Вработувањата ќе се реализираат согласно со потребите на јавните здравствени установи, таму каде што е најизразен недостигот од специјалистички кадар.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top