Македонија

Односите со Бугарија станувале сè потешки и полоши бидејќи Македонија била неискрена, според Ќучук

Сакаме да граничиме со земји што припаѓаат на нашиот вредносен систем, изјави бугарскиот европратеник и бивш известувач за Македонија во ЕП

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук ги опиша како „сè потешки и сè полоши“ односите со Македонија, за што го обвини (југо)западниот бугарски сосед.

„Односите со Република Северна Македонија стануваат сè потешки и сè полоши, бидејќи денес во Северна Македонија нема искреност. Каде сака да оди земјата? Ако идејата е да се оди во Европската Унија, двете главни политички партии мора да се договорат за ова прашање. И да го пронајдат овој јавен, политички, општествен консензус во нивната земја. А ние го гледаме токму спротивното. Регресија и повлекување. Ова не е во ничиј интерес, не е во интерес на Бугарија. Бидејќи сакаме да се граничиме со земји што припаѓаат на нашиот вредносен систем“, изјави за Бугарската национална телевизија (БНТ) поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top