Македонија

Одржано гостинско предавање за геополитика и финансиски пазари на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

Во услови на зголемена глобална неизвесност и динамични економски текови

Во услови на зголемена глобална неизвесност и динамични економски текови, финансиската писменост сè повеќе се наметнува како суштинска вештина како за пошироката јавност, така и за сите кои активно управуваат со капитал.Во таа насока, на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа гостинско предавање од страна на Иван Ивановски, основач на Prime Capital и креатор на primeclass.mk – водечка едукативна платформа за инвестирање и дневно тргување во Македонија и регионот. Предавањето беше реализирано во рамки на Quant Talks, во организација на Катедрата за математика и статистика, а се одржа во салата за состаноци на професорите, пред професори, доктори на науки и студенти. Во фокусот на предавањето беше влијанието на геополитичките случувања врз финансиските пазари, при што беа анализирани актуелни глобални теми како воени конфликти, политички тензии и економски политики, и нивното директно влијание врз движењата на светските берзи и инвестициските стратегии.

Посебен акцент беше ставен на делот на финансиските контракти нивната структура, механика и практична примена на пазарите. Преку конкретни примери, присутните имаа можност подетално да се запознаат со начинот на кој овие инструменти се користат за управување со ризик, оптимизација на портфолио и позиционирање во услови на нестабилни пазари. Во рамки на дискусијата, накратко беше опфатено и инвестирањето преку индексни фондови, како дел од поширокиот пристап кон современото инвестирање. На предавањето присуствуваа и активно учествуваа во дискусијата професорите Драган Тевдовски, Игор Ивановски, Леонид Наков и Борче Треновски, чие присуство придонесе за дополнителна стручна длабочина и квалитетна размена на мислења.

„Нашата цел не е да предвидиме што точно ќе се случи на пазарите, туку да изградиме начин на размислување. Во услови на неизвесност, најголемата грешка е импулсивната реакција. Наместо тоа, клучно е да се остане доследен на стратегијата да се задржат позициите и, кога постои основа, да се искористат можностите за дополнително инвестирање. Геополитиката не е теорија, туку фактор што директно влијае врз капиталот, а контрактите се еден од инструментите преку кои тој ризик може да се разбере и управува. Финансиската писменост значи разбирање на процесите, а не реагирање на настаните,“ истакна Ивановски за време на предавањето.

Настанот претставува уште една потврда за значењето на поврзувањето помеѓу академската заедница и практичната индустрија, со цел унапредување на знаењето и подготвеноста на новите генерации. Од Економскиот факултет во Скопје истакнаа благодарност до Иван Ивановски за квалитетното предавање и значајниот придонес кон приближување на финансиските пазари до академската заедница.

Prime Class и Prime Capital продолжуваат со активности насочени кон подигнување на финансиската писменост и приближување на финансиските пазари до пошироката јавност, со јасна визија за создавање поинформирана и економски подготвена заедница.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top