Македонија

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality“, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата. Во своето излагање, Магда Јиану, менаџер за југоисточна Европа на Palo Alto Networks, ги претстави главните предизвици и решенија во областа на сајбер-безбедноста, особено во контекст на забрзаниот развој и интеграција на вештачката интелигенција.

На панел-дискусијата посветена на тоа како ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа: Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор на Kuehne+Nagel Macedonia, Иво Павловски, Кеативен директор на Division и Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.

Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.

За клучната улога на човечките ресурси во процесите на дигитална трансформација говореше гостинот од Амроп Србија, Милош Ѓурковиќ, кој посочи дека компаниите не можат да напредуваат без систематски развој на талент и менаџмент на промени.

За образованието поврзано за ИКТ како и за темата „Кој ќе ја кодира иднината?”, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ, Весна Ивановска, разговараше со министерката за образование Весна Јаневска, како и со деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.

Посебно внимание привлече излагањето на италијанскиот експерт Пјетро Марини, Директор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој го отвори прашањето за иднината на бизнис моделот на спортските и медиумските права. Тој предупреди дека долгогодишните традиционални модели на стабилност се разнишуваат, со што се отвора дилема за одржливоста на целиот екосистем.

На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа: Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ, Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка, Александар Манев, генерален директор на Кроација – друштво за неживотно осигурување и Михајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.

Конференцијата беше затворена со панел за финансирање на иновациите, на кој учествуваа: Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија, Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка, Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологии и Боро Јакимовски, DigitMak.

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top