Бизнис

(Видео): Образованието треба да се фокусира на развој и вештини, вели бизнисменот Кастриот Арифи

Кастриот Арифи се образувал во македонскиот образовен систем, но во својата професионална кариера имал среќа да работи со искусни и стручни лица, од кои многу да научил, работејќи како консултант во Глобал Дата, менаџер за продажба во земјата за Банини од Србија, регионален менаџер за продажба, виш бизнис аналитичар и директор за продажба во Винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс.

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески, гостин е Кастриот Арифи – директор за стратегија и развој во винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс и член на УО на Стопанската комора. Во разговорот Арифи сподели значајни информации за работењето на винаријата „Тиквеш“ АД,  стратегиите за раст и развој, како предизвиците во образовниот систем.

Винаријата „Тиквеш“ АД е бренд што го препознава светот, која извезува во над  25 земји ширум светот, меѓу кои, најмногу во САД, Кина, Германија и Велика Британија, како и на регионалните пазари – пред сѐ  во Србија, потоа во Босна и Херцеговина и Косово. Според количината и вредноста на продаденото вино „Тиквеш“ е лидер меѓу винарските компании, со годишен приход од 60 милиони евра и продадени 16 милиони литри вино. Само во Србија се извезуваат 6 милиони флаширани вина.

Арифи го опишува „Тиквеш“ не само како бренд, туку и симбол на Македонија. Работата во компанијата ја нарекува непроценливо искуство, особено поради визионерското водство на Свето Јаневски — основач и главен инвеститор во М6 Групацијата.

  • „М6 Групацијата е холдинг компанијата, додека „Тиквеш“ е брендот кој го препознава целиот свет и не е само бренд, туку и подзнак на Македонија“ изјави Кастриот Арифи.

Говорејќи за неговата соработка со Свето, Арифи го нарекува „голем човек од кого може многу да се научи“ поради неговото знаење, посебно за новите технологии и методи, кој несебично го споделува со другите, дава различни патишта за надминување на предизвиците, како и поддршка за развој и унапредување на знаењата на кадарот преку обуки во странство, особено во Лондон. Во 1989 година, Јаневски  вовел уникатен модел на франшиза дистрибуција со камиони, дистрибуција која не постои во светски рамки, со фокусирани вработени во регионот и надвор.

Арифи го опишува Јаневски како голем патриот кој  го промовира брендот „Тиквеш“ не само во регионот, туку и на глобално ниво. Под негово водство „Тиквеш“ стана интернационално признат бренд со вина што добиваат награди на светските саеми.

  • „Тиквеш и Свето се едно исто“ заклучи Арифи. 

На прашањето што значи стратегија на една компанија, Арифи објаснува дека стратегијата не е само оперативна ефикасност, туку и визија за иднината- планирање активности кои овозможуваат раст и да се развој на една компанија, како и опстанок на светските пазари. Стратегијата треба да биде насочена кон надминување на предизвиците и нивно преточување во успех и резултати.

  • „Мора да се биде креативен – како да се справиме со сите предизвици и како да растеме како компанија и да останеме на извозните пазари“, истакна Арифи.

Говорејќи за идејата за стратешко спојување на „Тиквеш“ (производство на вино) со „Бадел“ (производство на алкохолни пијалаци) и „Бип“ (производство на пиво) за заедничка дистрибуција, која постои веќе подолго време, Арифи нагласи дека таа сѐ уште е актуелна, но постои и процес на истражување за  спојување со други фирми.

  • „Стратегијата на окрупнување и настапување на пазарите со диверзифицирано портфолио, значи дека така сме појаки, постабилни и поспремни за предизвиците со кои ќе се соочуваме“ изјави Арифи.

Во работењето на „Тиквеш“ АД, дистрибуцијата не завршува со испорака на производот, туку најважно е да се стигне до крајниот потрошувач, за да се добијат информации за квалитетот, но и за потребите на пазарот што овозможува развој на нови производи според реалните потреби.

Кастриот Арифи се образувал во македонскиот образовен систем, но во својата професионална кариера имал среќа да работи со искусни и стручни лица, од кои многу да научил, работејќи како консултант во Глобал Дата, менаџер за продажба во земјата за Банини од Србија, регионален менаџер за продажба, виш бизнис аналитичар и директор за продажба во Винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс.

Сепак, изрази загриженост дали младата генерација која е поврзана со новите технологии,  ќе успее да се снајде со застарените методи на нашиот образовен систем. Потенцира дека нема конзистентност во образовните политики кои се менуваат со смена на министри, а од осамостојувањето до денес се смениле околу 20 министри.

Образованието, според него, треба да се фокусира на вештини, критичкото мислење, медиумска и дигитална писменост, како и подготовка за работа со новите технологии и алатки. Дополнително, треба да работи на задржување на младите во земјата.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top