Македонија

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам.

Заштитата на природните ресурси и културното наследство, инвестициите во зелени технологии и примената на еколошки практики се клучните предуслови за развој на одржлив туризам. Токму овие прашања беа во фокусот на настанот „Ден на туризмот и културното наследство“, организиран од Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA) во рамките на COP31 во Анталија, на кој Туркије ги претстави своите заложби за иднината на туризмот. Учесниците дискутираа за развој на туристички сектор кој во исто време ќе носи економски придобивки, но и ќе ги штити природните богатства.

Во услови на сè поизразени последици од климатските промени, одржливиот туризам станува еден од приоритетите на глобалната туристичка агенда. Турција, како земја со значајна туристичка понуда, активно работи на трансформација на секторот преку поттикнување одржливи инвестиции, модернизација на туристичката инфраструктура и зачувување на културните вредности.

Во рамките на COP31 беа разгледани повеќе аспекти на оваа трансформација, како што се создавање национални модели за одржлив туризам, инвестиции во хотелската индустрија и инфраструктура, како и примена на иновативни решенија. Посебно внимание беше посветено на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, како и на улогата на меѓународните туристички компании во воведувањето одржливи практики во сите фази на туристичкиот синџир. Дискусиите опфатија и конкретни климатски решенија во туризмот, вклучително и намалување на отпадот, електрификација, но и зајакнување на отпорноста на туристичките дестинации.

На настанот учествуваа високи претставници од водечките меѓународни туристички организации, меѓу кои Шиџун Лиу, извршен директор на Светската туристичка организација на Обединетите нации, Кристофер Имбсен и Наџиб Балала од Светскиот совет за патувања и туризам, д-р Јоанис Папас, директор за Европа на Глобалниот совет за одржлив туризам, како и Мартин Меки од Европската банка за обнова и развој. Меѓу присутните беа и претставници на водечки меѓународни туристички компании, како Експедија, Букинг.ком, ДЕРТУР Груп и ИзиЏет.

Значаен дел од активностите беше посветен и на промоцијата на културното и археолошкото наследство на Анталија. Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, најави дека обновениот Археолошки музеј во Анталија се очекува да биде отворен за посетители во 2027 година.

Анталија во рамките на COP31 беше домаќин и на повеќе од 40 меѓународни претставници од туристичката индустрија, меѓу кои организатори на конгреси, саеми и големи настани, туроператори од земјите на Заливот, Блискиот Исток, Индија, Европа и Обединетото Кралство, претставници на онлајн туристички агенции и меѓународни новинари. Гостите го посетија комплексот Анталија EXPO, каде што се запознаа со неговите современи капацитети и туристичкиот потенцијал на градот како меѓународна дестинација за конгреси, изложби и деловни настани.

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам. Истовремено, организирањето на COP31 беше значајна можност Анталија дополнително да се афирмира како светски центар за меѓународни конгреси, изложби и големи деловни настани.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

„Н.М.“: Компромис со Бугарија не може да се прави со идентитетски прашања! Уставните измени не ја затвораат вратата за нови вета и барања!

„Брисел врши нова форма со нов лик за притисок: генералниот директор за проширување и источно соседство во ЕК Герт Јан Копман е на иста линија со Софија!“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел со нова форма и нов лик за притисок“, која е објавена денеска во весникот „Нова Македонија“.

Николоски: Не е заборавено ниедно населено место! Над 100 милиони денари за инфраструктурата во Валандово, реконструкција и на патот Струмица -Валандово!

Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.

Дурмиши: Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, ако биде доставен предлог!

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент, достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите, рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Најнови вести

To top