Македонија

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

На настанот учествуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот. Во своето поздраво обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно усогласена со долгорочната стратегија на компанијата.

„За ОКТА, поддршката на платформи како овој Симпозиум претставува инвестиција во знаење, соработка и регионално поврзување. Размената на искуства и добри практики помеѓу експертите и институциите од регионот е од исклучително значење за понатамошниот развој на секторот и за обезбедување највисоки стандарди за квалитет и безбедност, во интерес на потрошувачите и економијата. Како компанија ОКТА веќе одамна ја надминува улогата на најголем снабдувач на домашниот пазар и се развива во регионален енергетски центар, а токму нашата поддршка во развојот на ваквите партнерства и професионални мрежи се важен дел од таа визија“, изјави Пасхос.

Од Организацискиот комитет на Симпозиумот беше истакнато дека јубилејното десетто издание претставува потврда за растечкото значење на овој стручен собир во регионот.

„Во изминатите десет години Симпозиумот прерасна во препознатлива регионална платформа за професионална комуникација и соработка помеѓу лабораториите, институциите и компаниите од нафтениот сектор. Во време на сè построги стандарди, технолошки промени и потреба од поголема усогласеност со европските регулативи, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на квалитетот, сигурноста и довербата во целиот синџир на снабдување со горива“, истакна Данијела Јовиќ, претставник на организацискиот комитет на Симпозиумот.

Симпозиумот го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а преку видео обраќање го поздрави и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, која ја нагласи важноста на лабораториите и контролата на квалитетот во енергетскиот сектор, како и потребата од континуирана модернизација, регионална соработка и усогласување со европските стандарди.

Присуството на претставници од Министерството за енергетика, како и видео обраќањето на министерката, претставуваат силна институционална поддршка за улогата на лабораториите во системот за контрола на квалитетот на горивата, но и признание за достигнувањата на Симпозиумот и неговиот потенцијал да прерасне во уште поширока регионална и меѓународна платформа за размена на искуства и експертиза.

Во рамки на Симпозиумот беше потенцирана и важноста на модернизацијата и дигитализацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност, доверливост и усогласеност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Во тој контекст беше истакнат примерот на ОКТА, која во изминатиот период изврши модернизација и дигитализација на опремата за тестирање во својата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата, со што таа го задржа својот статус на една од најсовремените капацитети од ваков тип во регионот.

Лабораторијата на ОКТА е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјата и функционира согласно највисоките европски и американски стандарди, обезбедувајќи контрола и анализи не само за потребите на компанијата, туку и за други увозници, институции и компании од земјата и регионот.

Учесниците на Симпозиумот нагласија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, размена на знаење, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата, во интерес на потрошувачите, индустријата и животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top