Македонија

„Нешенел џиографик“: Охридско Езеро меѓу петте во Европа што мора да се посетат

Реномираниот магазин и телевизија го препорачува македонскиот Ерусалим заедно со Боден, Алкева, Бохињ и Перучица

Реномираниот светски магазин и телевизиски канал „Нешенел џиографик“ го вброи Охридското Езеро меѓу петте езера во Европа што треба да се посетат.

„Ако не сте слушнале за Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО, не сте единствените, но ви недостига еден трик. Сместено меѓу планините на Северна Македонија и источна Албанија, ова зелено-сино езеро е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа. Летото ве искушува со капење во проѕирни води, пикници на плажите со камчиња на источниот брег како Потпеш и Лабино и со розово-виолетови зајдисонца што ја возбудуваат душата.

На северниот брег Охрид е привлечно место за да почнете со обиколка на езерото, со патека што се протега до карпести плажи и стрмен, топол камен стар град каде што калдрмисаните улички водат до православни цркви и урната средновековна тврдина. Рестораните на брегот ги комбинираат локалните специјалитети како рибја чорба подготвена со езерска пастрмка, лимон и лук со македонски вина. Надвор од Охрид ќе бидете заведени од културните големи знаменитости како што се куполниот, византиски стил, исполнет со фрески, високо на карпа, и реконструираните наколни живеалишта од бронзеното и железното време во Заливот на коските“, објаснува „Нешенел џиографик“ зошто да се посети македонскиот Ерусалим.

Преостанатите најубави европски езера на листата се Боденското во Германија, Алкева во Португалија, Бохињското во Словенија и Перуча во Хрватска.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top