Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин: Шовинистичка забрана за Менкиноски зашто е Македонец! ЕУ не смее да остане рамнодушна на бугарските закани кон македонскиот идентитет!

„Поддршка за Менкиноски! Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Oва е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во некои кругови во Бугарија.“ – реагира жестоко политичката органиација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин по одлуката на официјална Софија да му се забрани влез во Бугарија на Тони Менкиновски до 2036 година, затоа што претставувал „закана за националната безбедност“ на оваа држава-членка на ЕУ.

Натаму ОМО „Илинден“ – Пирин во својата објава на фејсбук истакнува: Менкиноски ја симболизира борбата за правда и достоинство како адвокат, кој стои пред Европскиот суд за човекови права во одбрана на правата на Македонците во Бугарија.  Македонците никогаш нема да се предадат во борбата за своите основни човекови права.

Зарем ова не е удар и на правниот систем на Европската Унија, која не смее да остане рамнодушна кон ваквата агресивна политика на Бугарија, која има единствена цел со притисоци и закани да го негира Македонскиот идентитет?!.

#Поддршка за #Менкиноски, порача ОМО „Илинден“ – Пирин преку фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top