Македонија

Општина Аеродром казни фирма со 20 илјади евра, поради незаконско фрлање отпад! -Камионџијата фатен „на дело“ на дивата депонија!

Изминатите неколку дена при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во општината, на месноста „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е е изречена глоба од 20 илјади евра во денарска противвредност за правното лице, поради сторениот прекршок, согласно со овој закон.  Издаден е и прекршочен платен налог.

 

На својот официјален фејсбук-профил претседателот на општина Аеродром  Дејан Митевски дополнува:

Казна од 20 илјади евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

Ги повикуваме сите сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат казни, порача градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски преку општествената мрежа.

 

 

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top