Македонија

Општина Велес ќе го поддржи Благој Гугинов на Европскиот куп

Благој Гугинов деветти во Европа

Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска.

Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што се пласираше меѓу најдобрите десет јуниори во Европа.

Од ККК „Арка-Борец“ оценуваат дека самиот пласман во финалето претставува голем успех, а деветтото место добива дополнителна тежина поради силната меѓународна конкуренција.

По остварениот успех, Гугинов и неговиот тренер Љубомир Спасиќ денеска беа примени во кабинетот на градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој му го честиташе резултатот и истакна дека Велес и Македонија се гордеат со неговиот успех.

Колев најави финансиска поддршка од Општина Велес за следниот настап на младиот кајакар на Европскиот куп за јуниори и сениори во Австрија, каде Гугинов повторно ќе ги брани боите на Македонија.

-Талентот заслужува шанса, а успехот поддршка. Затоа, Општина Велес ќе го поддржи Благој за неговиот настап на следниот Европски куп за јуниори и сениори во Австрија, каде повторно ќе ги брани боите на Македонија. Горди сме кога младите велешани со труд, дисциплина и упорност го носат името на Велес и Македонија меѓу најдобрите во Европа. Велес е спортски град: нека следниот предизвик донесе уште поголем успех, порача градоначалникот Колев.

Од ККК „Арка-Борец“ посочуваат дека пласманот меѓу најдобрите десет во Европа е еден од најзначајните резултати за македонскиот кајак на европските првенства во јуниорска конкуренција.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top