Македонија

Општините со видео надзор против секојдневниот вандализам од тинејџери

Повеќе општини се решаваат за поставување видео надзор

Искршени лулашки, уништени клацкалки, откорнати даски од клупите за седење.
Тинејџери дивеат во скопските населби во ноќните часови.  По видеото што ја разлути јавноста на кое се гледа како разбеснети млади кршат урбана опрема на игралиштето „Патрик“, Алфа телевизија направи обиколка низ повеќе игралишта во општина Аеродром, а сликата не беше сјајна. Граѓаните бесни, велат – вината е најмногу до родителите и бараат построги мерки за да се стави крај на хулиганското однесување во нивната населба.

„Само домашно воспитување, родителите мора да си ги воспитуваат децата.“- велат граѓаните.

Психолозите апелираат до родителите и училиштата – будно да го следат однесувањето на своите деца бидејќи само така може да ги препознаат знаците на вандализам. Комуникацијата и емпатијата се клучни, а доколку имаат потреба да побараат помош и од стручни лица.

„Ако го насочат и кон друго кримогено однесување, тоа секако може да направи сериозен проблем за самите нив а потоа и за општеството. Има бројни последици кои може да се појават, не само на децата кој што се вклучени туку и на нивните семејства, на околината, од социјален аспект да влијае доста негативно и за тие околу нив нели да си изгубат пријателства затоа што многу луѓе ќе сакаат да се дистанцираат и да не учествуваат во тие однесувања кои и воопшшто не треба да се присутни“- вели психологот Фики Гаспар.

Надлежните велат дека се работи за штета на специфични реквизити вредна повеќе илјадници евра. Веќе работат и на решение на проблемот со тоа што ќе се постават камери кај детските и спортски игралишта.

„Ние како општина веќе работиме на процедура за поставување на сите детски и спортски игралишта кои што се на територија на општина Аеродром. Процедурата се спроведува по претходно добиена согласност од Дирекцијата за заштита на лични податоци и веднаш штом ја добиеме таа согласност ќе спроведеме постапка за јавна набавка за поставување на видеонадзор на игралиштата“- вели градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски.

Надлежните велат дека ова не е единствен случај на вандализам. Оваа слика се јавува во сите општини, па така ни Аеродром не е исклучена од нив. Најчесто станува збор за повозрасни деца кој го уништуваат јавниот инвентар во текот на вечерните часови.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top