Македонија

Орбан се откажува од ветото за членството на Украина во ЕУ, поради Трамп? – Македонија и натаму во „еврочекалницата“

Брисел е пред дилемата: како да се стави проширувањето во функција на посоодветно влијаење врз внатрешната политика на земјите-кандидатки?

Брисел повторно зборува за „отворање на преговарачкиот кластер“ за Молдавија и Украина за влез во Европската Унија. Според угледниот европски аналитички портал „Политико“, оваа одлука би можела да се донесе во наредните денови или недели, со што процесот би покренал по подолг застој. Дипломатски извори за „Политико нагласија“ дека американскиот претседател Доналд Трамп одиграл клучна улога во придвижувањето на работите.

Како што се наведува, Трамп успеал да го убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да го повлече своето вето за отворање на процесот за Украина, со што се отстранува главната пречка, која се држеше под блокада. Сепак, кога станува збор за Молдавија, ситуацијата изгледа почувствителна. Неименуван дипломат предупреди дека отворањето преговори пред парламентарните избори во таа земја може да биде контрапродуктивно. „Јасно е дека некои сакаат да ѝ понудат на Молдавија преговарачка платформа, но со изборите закажани за 28 септември 2025 година, тоа би било кратковидо и би можело да предизвика несакани последици.“ – рече тој дипломат.

Според „Политико“, во заднината на сè, постои и политички момент: Брисел е подготвен да го забрза процесот за Молдавија со цел да им даде поттик на проевропските партии пред изборите. Притоа се посочува на прашањето: дали ЕУ е подготвена да го користи процесот на проширување како инструмент за влијание врз внатрешната политика на земјите-кандидатки?

Во моментов статус на кандидати за членство во ЕУ имаат: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Македонија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора. Во исто време, Брисел сè уште врши притисок врз Белград да се согласи да му додели статус на Косово, за кој во во праксата одделни политички кругови во Белград сметаат дека би претставувал своевидно признавање на независноста на Косово.

ЕУ се соочува со сложена одлука и прашање: дали да го забрза процесот и да се изложи на опасност да се соочи и со политички последици, или да почека посоодветен момент? Се укажува и на на тоа дека одлуката ќе укаже не само на насоката на проширување, туку и како ја гледа Брисел својата идна улога на истокот од европскиот континент.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top