Македонија

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ ги објави финансиските резултати за минатата година, од кои слободно може да се каже дека компанијата имала солиден успех. Во извештајот објавен на Македонска берза е посочено дека заклучно со 31.12.2025 година оствариле нето добивка од работењето во износ од 106,5 милиони денари (1,73 милиони евра), што е за 103 отсто повеќе од минатата година.

  • Нето приходите од премија за 2025 година изнесуваат 1.153 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2024 година за 6 отсто, односно за 69 милиони денари. Причините за растот се: раст на бруто премијата за 88 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата. Значаен раст се забележува во класите за здравствено осигурување, раст од 28 милиони денари и осигурување на кредити со раст од 27 милиони денари. Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 16 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата. Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2024 година, влијаеше негативно за 2 милиони денари – се посочува во објавата.

Компанијата укажа дека приходите од финансиски вложувања изнесуваат 81 милиони денари и се за 23 проценти повисоки од 2024 година, генерално поради зголеменото портфолио на Друштвото. Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 104 милиони денари и се на исто ниво како и минатата година. Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се намалени за 15 проценти поради пониските приходи од асистенција.

Што се однесува пак до расходите, Друштвото соопшти дека нето расходите за штети се во износ од 531 милиони денари и за 64 милиони денари или 11 отсто пониски од минатата година.

Останатите технички резерви се за 0,8 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување. Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 45 милиони денари и се повисоки за 1 милиони денари во однос на претходната година, во согласност со зголемената премија. Најголем износ на попусти отпаѓа на осигурување на моторни возила – 16 милиони денари и здравствено осигурување – 14 милиони денари.

  • Во текот на 2025 година Друштвото оствари позитивни деловни резултати и успешно го реализираше планираниот обем на активности. Остварената бруто полисирана премија изнесува 1.706 милиони денари, што претставува надминување на планираната премија од 1.690 милиони денари, односно остварување на планот со индекс од 101. Во делот на штетите, во 2025 година се ликвидирани штети во износ од 690 милиони денари, што е пониско од планираниот износ од 764 милиони денари, односно остварување со индекс од 90. Овој резултат придонесе за подобрување на техничкиот резултат и одржување на стабилноста на осигурителното портфолио – се посочува во извештајот.

Потоа додаваат дека зголемувањето во однос на планот пред се произлегува од повисоки приходи по основ на реализирани капитални добивки во износ од 12 милиони денари.

  • Како резултат на наведените движења, Друштвото во 2025 година оствари нето добивка во износ од 106 милиони денари, што значително го надминува планираниот износ од 58 милиони денари, односно планот е реализиран со индекс од 183 – укажуваат од Триглав осигурување.

За 2026 година очекуваат стабилизација на макроекономското опкружување, но со одредени надворешни ризици. Инфлациските притисоци на глобално ниво се очекува да се ублажуваат, како резултат на построга монетарна политика во изминатиот период, што би можело да создаде услови за постепено намалување на каматните стапки. Сепак, неизвесноста поврзана со геополитичките тензии, трговските политики и реструктурирањето на глобалните синџири на снабдување и понатаму може да влијае врз економскиот раст.

  • Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top