Македонија

Османи до Мицкоски за ЕУ: Нема план Б, постојат само одговорност и храброст да се реализира планот А

Поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи му реплицира на Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска уште еднаш го обвини дека го продал неговиот македонски идентитет додека бил министер. „Фактичката состојба е едноставна и секому јасна: Претходната Влада – не поединец, туку цела институционална структура – му остави одличен маневарски простор. Наместо историски или идентитетски […]

Поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи му реплицира на Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска уште еднаш го обвини дека го продал неговиот македонски идентитет додека бил министер.

„Фактичката состојба е едноставна и секому јасна:

Претходната Влада – не поединец, туку цела институционална структура – му остави одличен маневарски простор.

Наместо историски или идентитетски прашања, преговарачката рамка го признава македонскиот јазик, ја афирмира мултиетничката демократија и предвидува уставни измени што се веќе дел од нашиот систем.

Мицкоски има едноставен излез, но самиот се заглави во ќорсокак.

Наместо лов на вештерки, треба да ги слушне пораките од претседателот Кошта и другите сојузници.

Нема план Б. Постојат само одговорност и храброст да се реализира планот А.

А за тоа – потребно е вистинско лидерство.

А за лидерство – потребни се лидери“, му порача на Мицкоски „претседателот на пола свет“, како што се претстави себеси додека претседаваше со ОБСЕ.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top