Македонија

Османи го призна поразот од Меџити во Чаир

Кандидатот на ДУИ му честита на противкандидатот и му посака успешно водење на општината во наредните четири години

Кандидатот на ДУИ и на Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, го призна поразот од ривалот Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ во градоначалничката трка во скопската општина Чаир.

Почитувани пријатели, поддржувачи и чесни граѓани,

Прво, би сакал да го изразам моето задоволство за денот на изборите. Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без големи забелешки, и верувам дека ова е важно да се истакне.
Би сакал да изразам благодарност до сите соработници во текот на кампањата: од активисти и партиски и коалициски пријатели, поддржувачи, форумот на жени. Навистина беше чест да се работи посветено и пожртвувано, процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства.
Сепак, во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Доволно долго сум во политиката за да ги препознавам и почитувам пораките што граѓаните ги испраќаат, иако кампањата не беше ни фер ни легална во секој аспект. Но, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека искреноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации.
Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години.
На крајот, би сакал да му се заблагодарам на моето семејство, тие го носеа најголемиот товар на мојот политички ангажман, но оттаму ја добив и силната поддршка.
За следните политички чекори, во следните денови.
Ви благодарам!“, порача на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи.

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top