Македонија

Османи ја завршил работата која Македонец немаше да ја прифати, екс министер за Францускиот предлог и блокадата во ЕУ

Не е јасно зошто Димитров го потпиша Преспанскиот договор

Само немакедонец како екс министерот за надворешни работи и вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи можел да ја завршил работата која Македонец немаше да ја прифати, смета екс министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини

Според него екс премиерот Заев знаел дека друг Македонец немало да се согласи да го потпише Францускиот предлог кој подоцна доведе до блокадата во ЕУ и затоа го избрал Бујар Османи.

,,Ниеден Македонец немаше да се согласи за идентитетот и јазикот со Бугарија, затоа Заев за министер за надворешни работи го избра Бујар Османи”, пишува Хајредини.

Хајредини не коментира за случајот со потпишувањето на Преспанскиот договор кој го потпиша Никола Димитров.

Не е јасно дали Хајредини смета дека Димитров не е Македонец затоа што според Преспанскиот договор сите родени во Грција се Македонци со хеленско потекло а неговиот татко е роден во Егејска Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top