Македонија

Османи се пофали дека со пари од ЕУ ќе го унапредува Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир изјави дека како политичар е способен да обезбеди милиони евра пари од ЕУ за Општината

 

Бујар Османи во изјава за медиуми се пофали дека е добро запознаен со процесите за ИПА фондовите, па затоа ќе користи нешто вакво ако стане градоначалник.

„Имам широка мрежа на контакти изградена во текот на мојата кариера, како и директно искуство со фондовите на Европската Унија. Три години бев национален координатор за ИПА фондовите, а исто така и национален координатор за капитални инвестиции. Го познавам процесот одблизу, бидејќи сите барања на општините поминале низ моите раце за подготовка на досиејата. Многу често, милиони евра биле одбиени или вратени од ЕУ, само затоа што општините немале капацитет да ги подготват проектите“, рече Османи.

Тој додаде дека благодарение на неговото меѓународно искуство и контакти, општината ќе може да регрутира експерти од странство и да обезбеди милиони евра од Европската Унија.

„Мојата предност е што оваа општина нема да зависи само од својот буџет, туку и од милионите евра што ќе можеме да ги обезбедиме преку проекти на ЕУ.

Денес, овие меѓународни контакти се предност што ми доаѓа на помош благодарение на моите односи изградени со години.

Османи вели дека нема скриен финансиски договор со архитектот од Мексико, Мишел Ројкинд, кој ќе биде  ангажиран само за да донесе идеи и да помогне со своето професионално искуство.

„Долго време сме пријатели, се запознавме за време на моите меѓународни активности и тој се согласи да ме поддржи само поради оваа причина – како пријател. Тој работи на планот за развој повеќе од еден месец, бидејќи не сакам да работам без план.

Сакам од првиот ден да се знае каде ќе заврши оваа работа по пет години – не како мојот противник, кој дури и по дваесет години денес се обидува да создаде план“, вели Османи.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top