Македонија

Останува 5% ДДВ за купување нов стан

И по 1 јануари 2026 година, повластената стапка на ДДВ од 5% ќе важи за новите станови, откако Собранието вчера ги одобри измените на Законот за данок на додадена вредност

 

„Со ова законско решение, повластената стапка од 5% ќе важи до декември 2028 година и ќе се применува при прв промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели.

Ова значи дека за стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, секако, во зависност од купопродажната цена“, истакна на прес-конференција, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска..

„Тоа е сериозна и реална поддршка, а не декларативна политика. Сакам да потсетам дека според досегашното законско решение беше предвидено зголемување на ДДВ од 5% на 18% од јануари 2026 година, што реално, ќе создадеше услови за ново зголемување на цените на становите на пазарот“, истакна Димитровска

Како што рече,  цените на недвижностите веќе се високи и дека голем број граѓани, млади семејства и поединци, тешко доаѓаат до сопствен дом.

„Затоа, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднесовме оваа законска измена – за да не дозволиме дополнителен ценовен притисок и простор за поскапување од страна на инвеститорите.

На крај, сакам јасно да порачам: Суштината на работата на пратениците во Собранието е носење законски решенија кои реално го подобруваат животниот стандард на граѓаните, а ова е токму еден таков пример – заклучии Димитровска

Според важечкиот закон, повластената стапка на ДДВ од 5% за нови станови беше планирано да се спроведува до 31 декември 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top