Македонија

Отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл” составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев” од Штип.

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид.

Фестивалот на 21-ви јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд.

Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!”.

Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво”, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

To top