Спорт

Охрид верува во победа над Целје за историско финале во Европскиот куп

Македонскиот претставник утревечер на свој терен ќе се обиде да го анулира поразот од 27:26 во Словенија

Ракометарите на Охрид се уверени дека утревечер од 19 часот пред своите навивачи во салата „Билјанини извори“ ќе ја анулираат минималната негатива од првиот натпревар со некогашниот европски првак Целје и же изборат историско финале во Европскиот куп на ЕХФ.

„Целје е најталентирана екипа во Европа. Пред нас е тешка задача. Се надевам на добра атмосфера во салата, дека охридската публика ќе биде како таа во Целје и е помогне. На првиот меч го запревме Целје на 27 гола, тие цела сезона даваа 35-40 голови, ако пак ги спуштиме на 26-27 голови, мислам дека ќе дадеме повеќе голови отколку таму. Пишуваме историја, свесни сме и се надевам дека ќе се пласираме во финалето“, изјави тренерот Борис Роевиќ.

Ако успее, македонскиот претставник во финалето ќе се обиде да го повтори подвигот од лани на Алкалоид против унгарска Татабања, која го елиминира босански Извиѓач, откако во денешниот реванш славеше со 37:34 и со тоа го „избриша“ поразот од 33:31 во Љубушки.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top