Спорт

Се загрева атмосферата во „Билјанини извори“ во очекување на натпреварот Охрид – Олимпијакос

Ракометарите на Охрид од 18 часот ќе го почнат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос

 Ракометарите на Охрид од 18 часот ќе го почнат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос.

На првата средба во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Билетите за салата „Билјанини извори“ се распродадени па сигурно е дека македонскиот претставник ќе има голема поддршка од трибините.

На дваесетина минути пред почетокот на натпреварот салата полека се полни, а навивачите во одлично расположение очекуваат победа на нивниот миленик.

Распродадени билетите за реваншот меѓу Охрид и Олимпијакос

Раководствата на двата клуба во координација со Европската ракометна федерација се договорија да нема гостински навивачи, па така во Охрид нема организирана група од Грција.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top