Македонија

Оваа сабота едукативно со „Реплек“ и Елена Бубало: Совети за правилно вежбање

Во рамките на РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, под мотото „За мое добро“, ќе се организира уште еден настан посветен на постигнување на добросостојба преку физичка активност

Во рамките на РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, под мотото „За мое добро“, ќе се организира уште еден настан посветен на постигнување на добросостојба преку физичка активност. Првиот РЕсет настан во 2026 година добива едукативен карактер и означува уште една година исполнета со енергија и грижа за добросостојбата на заедницата. Наместо класична фитнес сесија, познатата инструкторка Елена Бубало ќе сподели корисни насоки и препораки за паметен пристап кон вежбањето, со фокус на техника, безбедност и свесно движење. Ова седмо издание на настанот, насловено како „Special edition – Вежбај паметно“, ќе се одржи на 31 јануари 2026 (сабота), во 11.30 часот, во салата за вежбање „Фитнес Фабрика“, лоцирана на ул. „Драган Ѓаконовски Шпато“ бр. 18, во скопската населба Карпош 1.

Кога компанијата влегува во 80+ година постоење, продолжува промоцијата на здравите навики преку физичка активност, како и практични совети за правилно вежбање. Изведувајќи ги физичките тренинзи, сигурно сте се запрашале „Дали оваа вежба ја правам како што треба“ или „Што да правам ако ми се вкочани вратот или почувствувам болка во грбот“. Одговорите на овие дилеми е подготвена да ги даде Елена Бубало на претстојното специјално издание на настанот, и тоа на разбирлив и применлив начин, без разлика дали вежбањето се одвива во сала или во домашни услови.

Заинтересираните учесници, кои на оваа едукативна сесија ќе можат да присуствуваат бесплатно, ќе имаат прилика на лице место да видат како се изведуваат основните вежби, да добијат совети како да си помогнат самите кога при вежбањето ќе им се јави болка или напнатост, но и да ги слушнат вистинските насоки како физичките тренинзи да им бидат поддршка, а не да им создаваат дополнителни проблеми. Практично, тоа ќе биде РЕсет за телото, но и за навиките, бидејќи кога ќе се научи да се вежба паметно, телото враќа со повеќе мир и помалку болка.

Пријавувањето за учество на овој настан е на следниов линк: https://shorturl.at/jahNZ

Овој настан е дел од серијата бесплатни активности и работилници што ги реализира „Реплек“, како дел од РЕсет платформата за добросостојба, за поттикнување ведар дух, здраво тело и ментална сила. Досега се одржаа шест сесии посветени на здравиот дух, организирани и реализирани од „Реплек“, во соработка со Елена Бубало.

РЕсет платформата, која станува сѐ попопуларна кај граѓаните, се раководи од идејата да инспирира позитивни лични и колективни промени во општеството, преку конкретни активности за создавање здрави животни навики и унапредување на физичкото и менталното здравје кај граѓаните, со помош на докажани професионалци и експерти.

Најнови вести од: Македонија

Министерот Андоновски најавува прва Стратегија за развој на медиумите во Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа, истакна дека Владата постигнала значаен напредок со официјалното препознавање на онлајн медиумите и интернет-порталите во Законот за медиуми.

Ѓорѓиевски: Од утре нов лик на кејот на Вардар, започнува реконструкцијата на спортските терени!

„Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик! Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар. Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.“ – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот официјален фејсбук-профил.

To top