Македонија

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра)

Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22%, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90% во однос на истиот период од минатата година.

Фармацијата останува стратешки најважниот сегмент за Реплек, и во него приходите од продажба достигнаа 16,4 милиони евра.  На домашниот пазар Реплек оствари приходи од продажба во износ од 3,9 милиони евра, што е значителен пораст од 34% во споредба со истиот период минатата година, а на странските пазари реализираните приходи од продажба се 12,5 милиони евра, што е зголемување од 18%.

„Овие извонредни финансиски резултати се уште една потврда за ефикасноста на нашата развојна стратегија и за посветеноста на нашиот тим, но и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, потрошувачите и инвеститорите. Горди сме на високиот раст во првото полугодие и остануваме силно посветени на иновациите и на проширувањето на нашето производно портфолио. Остануваме фокусирани наинвестиции во модернизација и градење на цврсти односи со нашите партнери, што е најава за уште една успешна година за компанијата“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

Во јуни годинава Реплек АД, во согласност со едногласно усвоената одлука на Годишното собрание на акционери, исплати дивиденда во бруто износ од 400 денари по акција, што е раст од 33% во однос на исплатената дивиденда за 2023 година.

Во првата половина од 2025 година, компанијата реализираше стратешки инвестиции во основни средства во износ од вкупно 3,3 милиони евра, насочени кон зајакнување на производствените и логистичките капацитети. Реплек пушти во употреба нов, модерен производствен блок, опремен со високо технолошка линија за блистирање, пакување и серијализација, надополнет со нова опрема за суво мешање. Проектот почна во 2024 година, а неговата вкупна вредност изнесува два милиони евра. Со оваа инвестиција се овозможува зголемување на вкупниот капацитет за примарно и секундарно пакување за 25 отсто, а двојно се зголемува и капацитетот на процесот за суво мешање. Реплек е во завршна фаза и на имплементацијата на SAP ERP системот, кој ќе овозможи повисоко ниво на автоматизација, подобро управување со ресурсите и транспарентност во работењето.  

До крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на Реплек за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.

Најнови вести од: Македонија

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top