Македонија

Овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Ана Дурловски настапувала и на престижни светски сцени, меѓу кои операта во Мадрид и њујоршката „Метрополитен“, каде дебитира во 2014 година како Кралица на ноќта. Таа настапувала и со Берлинската филхармонија, на фестивалот во Баден Баден и на други значајни меѓународни музички настани.

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертот понуди внимателно осмислена музичка програма во која се испреплетоа традицијата, емоцијата и современиот сценски израз, создавајќи вечер исполнета со силни уметнички доживувања.

„Ова е дел од нас, дел од нашата душа, дел од нашата култура – дел од нашиот идентитет како уметници. Станува збор за прекрасен проект кој е навистина уметнички издржан. Не само што нè исполнува како Македонци, туку нè исполнува и како уметници. Наша обврска и задача е секој македонски уметник да ги негува и изворното творештво и современата музика, која еден ден ќе стане дел од нашето историско и културно наследство. Тоа, во секој случај, треба да биде составен дел од програмата на секој македонски уметник“, вели Ана Дурловски. Публиката уживаше во безвременските песни „Си заљубив едно моме“, „Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Нели ти реков моме Донке“, „Ој ти момче Охриѓанче“, „Невеста жито требеше“, „Дејгиди луди млади години“, „Излегу да се мамо рашета“, „Кажи Анѓо“, „Стојне бре Стојне“ и „Назад, назад Калино моме“, кои во интерпретација на Ана и Игор Дурловски добија нов сценски живот.

„Размислувавме долго и на крајот дојдовме до заклучок дека „Македонски љубовни песни“ е најсоодветниот наслов за овој проект. Во почетокот тој го носеше работниот наслов „Песни од срцата“. Изборот на репертоарот беше навистина тежок, затоа што при истражувањето на македонските архиви увидовме дека преовладуваат песни со потешка тематика, а љубовните песни се значително помалку застапени. Сепак, се обидовме да ги одбереме најромантичните, најубавите и најмелодичните, и верувам дека направивме одличен избор“, вели Игор Дурловски. За Ана и Игор Дурловски, настапот на „Охридско лето“ секогаш претставува посебна чест и големо задоволство. Тие нагласуваат дека фестивалот има значајно место во нивните уметнички кариери и дека секое враќање на неговите сцени претставува вистинска привилегија.

Концертот покажа дека македонската музичка традиција може да добие современ сценски израз, без да ја изгуби својата автентичност. Оркестар „Ајга“ со внимателно обликувана изведба и новите аранжмани внесе свежина во познатите мелодии, задржувајќи го нивниот препознатлив дух.

Во единствениот амбиент на Долни Сарај, под отвореното охридско небо и покрај брегот на Охридското Езеро, концертот прерасна во вистинска прослава на македонската музичка култура. Публиката со стоечки овации и долг аплауз им се заблагодари на уметниците за исклучителната вечер, која ќе остане едно од највпечатливите музички случувања на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top