Македонија

Панов: Гоце Делчев е македонскиот код, македонскиот идентитет и тоа што нè сочинува денес

За членот на Историската комисија со Бугарија, великанот е македонски национален херој, кој нè прави горди како Македонци

Членот на македонскиот дел од Историската комисија со Бугарија, Митко Панов, нема дилеми чиј национален херој е Гоце Делчев и дали историјата поврзана со него може да биде заедничка или споделена и да се чествува со источниот сосед.

„Гоце Делчев е македонскиот код, македонскиот идентитет и тоа што нè сочинува денес. Ние сме горди кога нашата македонска химна се интонира и во која прв е Гоце Делчев. И тоа нè прави горди и ќе нè прави во иднина како Македонци и како македонска нација“, категоричен е редовниот професор на Институтот за национална историја во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

„Гоце Делчев е наш, македонски национален херој. Тој е дел од колективната меморија на македонскиот народ. Со Гоце се раѓаме, со Гоце умираме. И во Манифестот на АСНОМ се повикуваат сите гордо да го кренат знамето на Гоце. Со таа идеја, со името Гоце се гинело за слободата на Македонија. Оттаму нема простор да имаме заедничка историја ( со Бугарија – н.з.) во политичкиот контекст на разбирањето на заедничката историја“, објасни историчарот.

„Од аспект на поклонение на македонскиот великан Гоце Делчев, се разбира дека секој може слободно да дојде да се поклони. Меѓутоа, се знае дека тој е наш, македонски национален херој и тука нема двојба во однос на тоа дали треба да се дели со некој друг“, недвосмислен е Панов.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top