Македонија

Партијата на Македонците-Горани “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локалните избори во Косово

„Упатуваме повик за масовно излегување на локалните избори во Косово, за да покажеме дека ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога, и покрај разновидните напори за гаснење на идентитетот и гласот на Македонците-Горани во Косово.“ – порача политичката партија на Македонците-Горани во Косово на прагот на годинашниве локални избори таму.

На локалните избори во Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  на Македонците-Горани во Косово „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на оваа партија се наоѓаат 19 кандидати од разни делови на областa Гора. „На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонците-Горани во Косово, за  зачувување и активно претставување на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и за формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово.“ – вели претседателот на партијата и носител на кандидатската листа Адем Хоџа, дипломиран инженер. 

Општинските избори во Косово, ќе се одржат во недела, 17-ти октомври 2025 година. Партијата “Единствена горанска партија” учествува на изборите со кандидати за совет на Општина Драгаш, областа Гора. 

„Вашиот глас за Партијата ‘Единствена горанска партија’ ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонската Горанска заедница во Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, како и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 183, како и бројот на еден од нашите кандидати на листата за советници.“ – со овој повик им се обрати „Единствената горанска партија“ на Македонците-Горани во Косово на прагот на годинашните локални избори таму.  

Весник „Илинден“ на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, 15 септември 2025 година

Најнови вести од: Македонија

Бугаринот Виктор Стојанов поттикнувал скопјанец да шири омраза кон Македонија

Pретседателot на бугарската фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

To top