Свет

Партнерите на САД се дистанцираат од плановите на Трамп за Иран

Голем број американски партнери, вклучувајќи го и НАТО, одбија да поддржат голем напад врз Иран закажан за помалку од 24 часа

Велика Британија ќе ги одбие барањата на САД за користење на британски воени бази за напади врз ирански мостови или електрани, објави Гардијан.

Британските претставници велат дека овие цели се цивилна инфраструктура и ваквите напади би можеле да се сметаат за потенцијално воено злосторство, па затоа нема да се даде дозвола.

Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна ја нападна Германија, која исто така одби каква било поддршка. „Ја обновивме Германија… а сега Германија ни кажува дека ова не е нивна војна“, рече Трамп.

Претседателот Трамп, кој го нарече НАТО „хартиен тигар“ поради неподготвеноста на алијансата да се приклучи во деблокирањето на Ормутскиот теснец, рече дека е разочаран и од другите земји. Трамп рече: „Тие воопшто не помогнаа. Не е само НАТО. Знаете кој друг не ни помогна? Јужна Кореја не ни помогна. Знаете кој друг не ни помогна? Австралија не ни помогна. Знаете кој друг не ни помогна? Јапонија.“

Дури и Нов Зеланд одби помош од САД. Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, ги опиша најновите закани на Доналд Трамп против иранската цивилна инфраструктура како „бескорисни“.

Плановите на Трамп за голем напад врз Иран за помалку од 24 часа остануваат. Трамп, кој ги закажа нападите за 023 часот ноќеска по средноевропско време (20 часот по источно врме во САД)  се закани:

„Иран може да биде уништен преку ноќ, а тоа може да биде и утре вечер“. Заканата на Трамп е да ги уништи сите главни енергетски објекти и мостови на Иран во еден удар. „Вторник ќе биде Ден на електраната и Ден на мостот, сите споени во еден во Иран….

Трамп: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top