Македонија

Патници во 33 автобуси „заглавени“ на унгарска граница

Вистинска голгота преживуваат патниците кои тргнале да се враќаат дома за претстојните празници

 

Според информациите кои ги испратија до редакцијата на 4NEWS.mk, на унгарската граница во моментов е формирана колона од дури 33 автобуси кои чекаат излез од земјата.

Станува збор за автобуси кои доаѓаат од Германија, а чија крајна дестинација се Македонија и Албанија.

Патниците сведочат за огромни гужви и нервоза.

Иако бројот на автобуси кои се движат кон нашиот регион е драстично зголемен поради новогодишните празници, царинските служби не работат со полн капацитет.

„Работи само еден шалтер за проверка, што го прави времето на чекање уште подолго и неподносливо“, јавуваат од терен.

Ова е вообичаена слика пред празниците кога дијаспората масовно се враќа во татковината, но ваквиот застој на самиот почеток на патувањето низ Балканот најавува мачни часови за патниците додека да стигнат до дома.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ започна да го воведува новиот систем за влез/излез (EES) – патниците чекаат и по три часа на аеродромите!

„ЕУ започна постепено да го воведува својот нов Систем за влез/излез (EES) во октомври оваа година, барајќи од државјаните на трети страни да се снајдат со новата технологија на границите каде што е воспоставена.“ – објави „Еуроњуз во својата информација со наслов „Систем за влез/излез од ЕУ: Првата фаза од воведувањето ги остава патниците да чекаат до 3 часа на аеродромите“.

To top